Случај Елмазова и други против Северна Македонија

ВОВЕД

Ова пресуда означи еволуција во судската практика на ЕСЧП, со која Судот се изјасни против сегрегацијата на Ромите во образованието. Во едногласна и добро образложена пресуда, Судот ја осудува постојната сегрегација и појаснува дека државите имаат позитивна обврска да спроведат мерки за десегрегација што ќе „обезбедат крај на сегрегацијата“.

Факти

Апликантите (односно лицата кои поднеле апликација) до Европскиот суд за човекови права) се родители Роми и нивните деца кои живеат во Битола и Штип, два града во Северна Македонија. Децата учеле две основни училишта, Ѓорѓи Сугарев во Битола и Гоце Делчев во Штип. Се наведуваат имињата на родителите, додека децата апликанти се анонимизирани за да се заштити нивната приватност. Ова е особено важно бидејќи случајот се однесува на деца.
Децата од мнозинската ромска населба Баир, Битола, веќе неколку години учат во сè посегрегирани паралелки. Во учебната 2021-2022 година, за прв пат, секое дете запишано во новата паралелка во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ (Г.С.) беше од ромско потекло, и покрај тоа што уште едно основно училиште на само 600 метри ги има речиси сите ученици, етнички Македонци. Во ОУ „Гоце Делчев“ (Г.Д.) во Штип, учениците Роми сочинувале 67% од учениците во учебната 2018-2019 година, но некои ученици од прво одделение биле ставени во 100% ромски паралелки. Во двата случаи, сегрегацијата во голема мера се должеше на тоа што родителите не-Роми ги отстранувале нивните деца и ги запишувале во училишта со помал број ученици Роми присутни (феномен познат како бел лет). Понатаму, родителите сметаа дека квалитетот на образованието што им се нуди на децата во училиштата со ромско мнозинство опаднал. Процесот на „бел лет“ беше потпомогнат од училишните власти кои им оневозможувале на родителите Роми да го сторат истото како што родителите  не-Роми да ги запишат своите деца некаде каде што би можеле да добијат подобро образование.

Постапка пред Уставен суд и други релеватни информации

Во 2015 и 2016 година, извештаите на Националниот народен правобранител на Северна Македонија и ЕЦПР соодветно заклучија дека постоела сегрегација во Ѓ.С. и Г.Д. во голема мера поради одбивањето на родителите од етничките Македонци да ги запишат своите деца во училишта со претежно ученици Роми. На 12 ноември 2018 година, група родители Роми и деца од Ѓ.С. поднеле барање за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд како жртви на сегрегација и дискриминација во остварување на правото на образование. Иако судот заклучи дека „децата во областа Баир посетуваат две етнички поделени училишта“, тој ја отфрли жалбата и одби да утврди дека учениците од Г.С. доживеале различен или нееднаков третман во нивното право на образование.

Исто така, кон крајот на 2018 година, група родители Роми и деца од Г.Д. поднеле слично барање пред Уставниот суд во која се наведува дека поради сегрегацијата и дискриминација, немаат исти можности како учениците не-Роми во нивното понатамошно образование, вработување и интеграција во општеството. Судот и во овој случај одби да утврди дека сегрегираните ученици биле третирани поинаку од учениците во мешани паралелки.
Во 2021 и 2022 година, ЕЦПР( Европскиот центар за правата на ромите) поднесе  преставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со сегрегацијата на ученици Роми во Ѓ.С. и Г.Д. во учебната 2021/2022 година. Тие резултираа со позитивни одлуки во кои Комисијата утврди дека дискриминацијата е системски проблем во образовниот систем во овие области и ги потврдија долгорочните негативни последици што сегрегацијата може да ги има врз децата. Комисијата издала општа препорака до релевантните државни и локални власти како и до администрацијата на засегнатите училишта за обезбедување построга и поконзистентна примена на одлуките за реонизација кои би ја намалиле сегрегацијата на Ромите.

Апликацијата до ЕСЧП за наводна повреда на нивните права од членот 1 од Протоколот бр. 12 на Конвенцијата и членот 14 од Конвенцијата

ЕЦПР ги поддржа ромските семејства да ги поднесат случаите пред Европскиот суд за човекови права и се пожалија дека сегрегацијата во Ѓ.С. и Г.Д. беше без никакво објективно и разумно оправдување, бидејќи одлуките на родителите кои не се Роми да се вклучат во „бел лет“ не беа легитимно оправдување. Ова резултирало со дискриминација што ги повредува правата на апликантите за заштита од дискриминација според член 14 од Конвенцијата земен во врска со член 2 од Протоколот бр. 1, кој гарантира право на образование. Секој во Северна Македонија е заштитен од дискриминација врз основа на раса, етничко потекло или боја од која било јавна власт или во врска со кое било право, вклучително и правото на образование. Било истакнато на Европскиот суд дека ова создава особено силни обврски за Северна Македонија да стави крај на сегрегацијата во училиштата и другите форми на дискриминација.

Пресуда  на ЕСЧП

На 13 декември 2022 година, ЕСЧП донесе пресуда со која утврди дека децата Роми во двете училишта биле дискриминирани и дека заслужуваат правичен надоместок. По повторувањето на општите принципи кои се применуваат за случаите на сегрегација на Ромите, ЕСЧП започнува со утврдување дека двете училишта нуделе програма која била иста, или барем слична на онаа на другите јавни основни училишта .
Во однос на Ѓ.С., Судот забележа дека во ова училиште претежно посетувале деца Роми (83,5%), додека Т.А. беше речиси исклучиво посетен од етнички Македонци (95,1%). Истакна дека постои голема диспропорција помеѓу распоредувањето на Ромите и не-Ромите во Ѓ.С. Освен тоа, тој прифати дека главната причина за тоа е начинот на кој во пракса се применуваше регулаторната рамка за прием и трансфер на ученици што се должи на одбивањето на родителите кои не се Роми да ги запишат своите деца во Г.С..
Судот смета дека етничката структура на жителите во реонот не може, во дадените околности, да биде доволна за објективно оправдување на сегрегацијата на Ромите во Г.С. Судот забележува дека етничкиот состав на учениците во Т.А. бил потполно различен од Г.С., без оглед на тоа што Т.А. се наоѓа на оддалеченост од 600 метри од Г.С и припаѓа на истиот реон.
Судот не смета дека апликантите треба да се сметаат за одговорни за обжалената ситуација поради нивниот неуспех да побараат префрлување во други училишта. Како прво, нивниот избор да се запишат во Г.С., како училиште за нивен задолжителен прием, бил во согласност со главното правило за упис на ученици според членовите 46 и 50 од Законот за основно образование. Второ, и уште поважно, примарно е државата да преземе позитивни ефективни мерки за да ја исправи фактичката нееднаквост на апликантите и да избегне продолжување на дискриминацијата која произлегла од нивната преголема застапеност во Г.С., со што ќе се прекине кругот на маргинализација и ќе им се дозволи да живеат како рамноправни граѓани уште од раните етапи на нивниот живот
Во врска со второто училиште, Г.Д. фактите покажуваат дека во учебната 2017/2018 година, учениците Роми претставувале 64% од сите ученици во прво одделение, а во учебната 2018/2019 година претставувале 67%. Во секоја од разгледуваните учебни години, имало три паралелки во прво одделение, од кои две биле мешани, а во една сите ученици биле Роми. Според ова, не може да се каже дека било општа политика учениците Роми автоматски да се распределуваат во одделни паралелки во предметното училиште.
Во исто време, во академската 2017-2018 година, паралелката само за Роми имало само 18 ученици (во споредба со 31 и 32 во мешаните паралелки), што подразбира помалку ученици од минималниот праг утврден со закон -24 ученици. Училиштето го призна постоењето на сегрегација и презеде одредени мерки за справување со проблемот. Овие мерки пропаднаа главно поради противењето на родителите на децата кои не се Роми .
Судот едногласно заклучи дека сегрегацијата на децата Роми во Г.С (преголема застапеност). и Г.Д. (класа само Роми) претставуваа дискриминација, поради неуспехот на државата да ги спроведе потребните позитивни мерки (десегрегација). Според членот 46 од ЕКЧП, тој смета дека „соживотот на членовите на општеството ослободени од расна сегрегација е основна вредност на демократските општества и дека инклузивното образование е најсоодветното средство за гарантирање на основните принципи на универзалност и недискриминација во остварување на правото на образование“. Затоа, треба да се преземат мерки за да се обезбеди крај на сегрегацијата на учениците Роми во Г.С. и Г.Д., како што е препорачано од Европската комисија против расизам и нетолеранција, Националната комисија за спречување и заштита од дискриминација и Омбудсманот .

Заклучок

Едногласната пресуда во Елмазова и другите против Северна Македонија означува уште еден огромен чекор напред во забраната на сегрегацијата и гарантирањето на еднаквоста на сите ученици во образованието. Ова пресуда ја докажуваа промената на фокусот на ЕСЧП од оцена дали состојбите на сегрегација се дискриминаторни согласно Конвенцијата , на фокус во позитивните обврски кои произлегуваат од мерките за сегрегација и десегрегација. Ова пресуда  го олесни  докажувањето на сегрегацијата,  прифаќајќи дека самото покажување на поголема застапеност за доволно за префрлање на товарот на докажување. Ова пресуда може дополнително да се поздрави за нејзиниот реализам во проценката на постоењето на сегрегација, споредувувајќи ја преголемата застапеност на ученици Роми во едно училиште со многу хомогениот етнички состав на мнозинското училиште во истото подрачје. На крајот, пресудата јасно и наредува на владата да обезбеди крај на постојната сегрегација, истовремено упатувајќи ја земјата-членка до специјализирани меѓународни и национални институции за насоки како да се постигне овој резултат. Оваа пресуда покажува дека Судот навистина ја разбрал штетата од сегрегацијата и ќе заземе силен став во борбата против неа, истовремено насочувајќи ги земјите-членки кои се борат со ова сложено прашање.


Случај Елмазова и други против Северна Македонија | Justice Observers