Позитивен исчекор во заштита на слободата на мислење, совеста и верата како и слободата на собирање и здружување

Анализа на судија Владимир Атанасов, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија - во пензија, на пресудата на Европскиот суд за човекови права од 29.11.2018 година, а по тужбата број 35700/11 на Црквата на вистински православни христијани против Република Македонија.

 

Опис на случајот

Анализата се однесува на случај кога седум лица од Прилеп го основаа здружението на тужителот, кои при основањето усвоија неколку документи кои се однесуваат на здружението на тужителот и целите на истото, на објавувањето литература со православна содржина и формирањето фондови како и тоа од каде ќе се формираат фондовите и од каде ќе се финансира црквата.
На 10.05.2010 година судот за регистрација со Решение РЕГ. РГ-18 од 10.05.2010 година го одби барањето на тужителот за упис во надлежниот регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи.
Судот притоа утврди дека бараната регистрација согласно законот (Сл. Весник на РМ бр 113/07 од 20.09.2007 година) е само од формални причини, додека во пракса тужителот ќе функционира како здружение на граѓани, согласно законот за здружение на граѓани. Исто така судот смета дека членовите 9 и 10 од повелбата одредувале дека здружението на тужителот ќе објавува литература со религиозна содржина и ќе прави фондови кои според судот се спротивни на целите од став 2 од наведениот закон од 2007 година. Во таа смисла беше наведено дека членовите 14 и 27 од повелбата одердуваат дека зружението на тужителот ќе биде финансирано од економски активности-стопанска дејност што е спротивно на член 33 од наведениот закон од 2007 година. По однос на членот 7 и 8 од наведениот закон од  2007 година судот прифаќа дека регистрацијата на тужителот ќе ја прекрши слободата на религијата на сите физички лица-верници и слободата на религијата преку веќе регистрираните религиозни заедници и подробрно законскиот правен статус на други регистрирани доброволни здруженија на физички лица и нивните тела. Слободната манифестација на религијата не може да ги загрози човековите права и слободи на другите.
На 16.12.2010 година со Решение ГЖ-3203/10 Апелациониот суд во Скопје ја потврди одлуката на понискиот суд утврдувајќи дека причините кои се дадени се јасни и издржани. Судот заклучува дека тужителот ќе работи за профит што е спротивно на член 33 став 2 од Законот од 2007 година.

 

Релевантен домашен закон
1. Уставот кој во член 110 став 3 стои дека „Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста и мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност“.
2. Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група број 113/07 од 20.09.2007 година, во кој закон стои дека „Црква, верска заедница и религиозна група во смисла на овој закон е доброволна заедница на физички лица кои со своето верско убедување и изворите на нивното учење ја остваруваат слободата на вероисповедта соединети по вера и идентитет изразен со поддеднакво извршување на богослужба, молитва, обреди и друго изразување на верата“.
Во членот 8 од овој закон стои дека „со закон може да се ограничи слободата на изразување на религијата или убедувањето доколку тоа е неопходно во интерес на јавната сигурност, поредокот, здравјето, моралот и заштита на правата и слободите на другите“.
Во член 9 од законот се наведува дека „црква, верска заедница и религиозна група се запишуваат во Единствениот судски регистар на црквите, верските заедници и религииозните групи со што стекнуваат својство на правно лице“. Црквите, религиозните заедници и религиозните групи внесуваат и изнесуваат печатен материјал во согласност со закон, а црквите, религиозните заедници и религиозните групи можат да добијат приход од сопствени средства, приватни филантропи, донации и други извори на приходи, и тие се непрофитабилни организации.

 

Релевантен домашен случај
Домашната пракса која се однесува на сегашниот случај, е опишан во случајот на Православната охридска архиепископија (Грчка Православна Охридска Архиепископија на печката патријаршија) против Република Македонија која жалба носи број 3532/07, а пресудата во овој предмет е од 16.11.2017 година. Судот во овој предмет смета дека начинот на кој домашните власти го одбиле признавањето на здружението жалител како и религиозна организација не може да се прифати како неопходно во едно демократско општество. Со тоа повреден членот 11 и членот 9 од Конвенцијата за човекови права.

 

Пресуда
Судот прифати дека има мешање на правата на асоцијацијата на тужителот по член 11 во однос на член 9 од Конвенцијата, која резултираше со одбивање на здружението на апликантот да биде спречено да добие правен статус и да добие можност да ужива ефективно во правата кои се за признатите религиозни организации.
Во таа смисла се утврдува дека домашните судови во нивните одлуки се навраќаат на неколку формални разлики во оправдувањето на одбивањето да се регистрира здружението на тужителот.
Судот не е убеден дека повелбата не е соодветна со делот од член 13 од законот од 2007 година или најмалку не беше јасен нивниот увоз-извоз за законот од 2007 година и особено членовите 31 и 32 кои дозволуваат религиозните здруженија да објавуваат материјал и да добиваат приход од нивните сопствени приходи и други извори на приходи.
Останатите основи на кои се донесени одлуките на судовите се однесуваат на наоѓањето на домашните судови дека регистрацијата на здружението би ги нарушило слободите на религијата на другите верници кои дејствуваат во веќе регистрираните религиозни правни субјекти, меѓутоа судот во Стразбург забележува дека тоа е заклучок кој е од генерална природа и не е поддржан со факти. Дали владата оди на тоа дека тоа е Македонската Православна Црква и нејзините следбеници, тие не обезбедуваат доволно објаснувања дека ќе ја задоволуваат употребата на мерки кои би ги спречило тужителите разбирливо и неусловено да започнат со било каква активност.
Од тука врз база на горенаведеното судот за човекови права во Стразбург заклучува дека не може да се каже дека причините кои се дадени од националните судови се РЕЛЕВАНТНИ и ОПРАВДАНИ за да се оправда мешањето во овој случај. Според тоа, наведеното одбивање да се регистрира здружението на тужителот како религиозно здружение не може да се прифати како потребно во демократско општество. Судот во Стразбург утврди дека во конкретниот предмет со тоа што националните судови не извршија упис во надлежниот регитар на апликатот има ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 11 ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 9 ОД КОНВЕНЦИЈАТА ЗА
ЧОВЕКОВИ ПРАВА, и досуди нематеријална штета во износ од 3.000 евра.

Врз база на се погоре изнесено може да се заклучи:
Слободата на уверувањето има највидлив израз во сферата на религијата и на политичката определба. Во однос на религијата тоа значи слобода на човекот да прифати или одбие секаква религија, да пристапи кон определена вера или да ја смени верата, што во нејзиното остварување значи реализација на човекот како слободна личност без страв и опасност од државен, верски или политички прогон поради своето уверување и неговото искажување. Уставните одредби што се однесуваат на слободата на мислата треба да се сметаат како уставно-правна и политичко-демократска определба за слобода што го гарантира јавното изразување на мислата.
Слободата на вероисповеста се остварува преку Уставот. Имено секому му се гарантира слободно и јавно, поедниечно или во заедница со други да ја изразува верата. Слободата на вероиповеста и правото на слободно изразување на верата треба да е својство на секоја држава во демократијата. Таа е потврда на уставно утврдената еднаквост на граѓаните без оглед на верското увереување како и на слободата на уверувањето и на совеста и оваа слобода го изразува правото на секој граѓанин да припаѓа на која и да е вера и да го спроведува нејзиното учење, но и правото да не припаѓа на ниедна религија. Смислата и суштината на слободата на вероисповеста од една страна е во апсолутната забрана на државата да не дозволува постоење на вероисповест или да забранува некои вероисповести, а од друга страна со ништо не може да се ограничи правото на секој човек да се определува за религија и да не припаѓа на ниту една религија. Во однос меѓу верниците и атеистите мошне значајно е што атеистите не можат и не смеат да преземаат какви било акции против верата и верниците што би се косело со принципот според кој никој не може да користи слободи и права на штета на другиот и без почитување и признавање на тие слободи и права.
Со правото на слободно здружување се уредува комплексот на слободата на здружување со тоа што на граѓаните им се гарантира слобода на здружување заради остварување и заштита на нивните социјлани, културни и други права и уверувања. Граѓаните треба слободно да можат да основаат здруженија , да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат. Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок и на државата.
Здруженијата на граѓаните можат да бидат разновидни и во тој поглед секако ќе биде упатно да се почитува практиката на постоење на различни култури. Современото сфаќање на човековите права почива на ставот да човекот е автономно, рационално битие и во согласност со тоа е способен и слободен да самостојно мисли и да ги штити и менува убедувањата. Со други зборови и сосема едноставно човечковото битие може да мисли што сака и не смее да се казнува ниту вознемирува заради содржината на мислите и колку и тие да се неприфатливи за друштвото и останатите луѓе.
Членот 9 од Европската конвеција утврдува дека „секој има право на слобода на мислите совеста и вероисповеста“. Оваа слобода е широка и асполутна, без оглед на содржината на мислите и не може да се ограничи под било кој услов.Ограничувањата можат да се наметнат само кога станува збор за нивното искажување што значи не само за мислењето туку и за јавното постапување.Според тоа никој не смее да се примора да ги открие своите мисли и убедувања и тоа не се однесува на примената на насилство, вклучувајќи ја и забраната за мачење и слично постапување туку и на секое доведување во неповолна положба поради неодстранување на своите убедувања. Слободата на мисли, совест и вероисповест е непотполна доколку човекот не може да постапи во склад со своите мисли и по наодите на својата совест или вера.
Согласно одредбите на Европската конвенција за човекови права секој има право своето убедување да го искаже јавно или приватно, сам или во заедница со други. Слободата на искажување на убедувањето има нагласена колективна димензија која опфаќа заедничко настапување на истомисленици.
Колективниот вид на ова право во врска со религијата е многу важно и има елементи на слободно здружување. Во многу вери суштината на обредот е во присуство и учествување на поголем број на луѓе. Слободата на мислите и вероисповеста подразбира право и да се промени секое убедување вклучувајќи го тука и верското, меѓутоа по природата на нештата верските заедници и нивните старешини доста се нетолерантни према отпадниците од верата. Предуслов за уживање на слободата на вероисповест е политиката на верска толеранција за која мораат да водат сметка државите чие население припаѓа на различни религии. Со оглед на тоа, за верниците религијата не е само филозофски став и поглед на светот туку одредува и начин на живот и моралните правила можат многу силно да влијаат и на нерелигиозните луѓе и мора во секоја прилика да се води сметка да од граѓаните не се бара да постапуваат спротивно на своите верски уверувања и обичаи освен ако тоа нивно искажување не ги навредува правата на други или законските интереси на заедницата.
Во многу држави па и во повеќето европски земји со исклучок на Франција, верските заедници мора да се регистрираат. Државата така одлучува заради легално постоење на верските заедници бидејќи по тој повод може да настанат спорови поради опасност да се загрози и слободата на вероисповеста.
На крај според член 118 од Уставот на Република Северна Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Во таа смисла во член 46 од Европската Конвенција за човекови права стои дека договорните страни се обврзуваат дека ќе се придржуваат кон конечните пресуди на судот во кои се странки во спорот.