Повреда на правото на еднаквост при пристап до работа

1. Фактичка ситуација

Тужителот А.Х. е лице кое е подносител на барање за азил во Република Северна Македонија во времетраење од две години до поднесување на тужбата,а кое за целиот период се издржува од сопствени средства и живее надвор од прифатниот центар.
Тужителот барањето за признавање на право на азил го поднел до секторот за азил на ден 12.10.2017 година. Постапувајќи по барањето Секторот за азил донел Решение бр. 12.3-69364/8 со кое го одбил барањето за признавање право на азил на сега тужителот. Против решението тужителот поднел тужба за поведување на управен спор пред Управниот суд. Постапувајќи по тужбата Управниот суд донел одлука со која тужбеното барање го одбил како неосновано. Против Пресудата на Управниот суд тужителот поднел жалба до Вишиот Управен суд, а постапката по поднесената жалба била сеуште во тек до денот на поведувањето на парничната постапка. Ова значи дека до денот на поднесување на тужбата пред Основниот Граѓански суд во Скопје неговото барање за азил не е решено во крајна инстанца. Во периодот додека престојува во РСМ. тужителот пристапил до пазарот на труд, барајќи работа со цел самостојно обезбедување на средства за егзистенпија. но по наоѓањето на работа тужителот наишол на реални проблеми кога сакал да заснова работен однос. а истото не можел да го стори. Во оваа насока тужителот на ден 26.10.2018 година преку Македонско здружение на млади правници од Скопје поднел Барање за определување на матичен број за странец до Министерството за внатрешни работи, Сектор за азил, а со цел остварување на своето право на пристап до пазарот на труд. Постапувајќи по барањето Министерството за внатрешни работи доставило одговор до Македонското здружение на млади правници, со кој го информира дека со оглед дека барањето за признавање на правото на азил на тужителот е одбиено, на истиот не му е издаден матичен број за странец. На 12.06.2019 година Македонско Здружение на млади правници од Скопје поднело барање до Агенција за вработуванње на Република Северна Македонија која е и тужена во предметната судска постапка. Со поднесеното барање се барало од  Агенцијата за Вработување како надлежен орган, во најбрз рок да го реши прашањето на тужителот, односно истиот да добие соодветна дозвола за со која ќе може да го оствари своето право на слободен пристап до пазарот на труд. Постапувајќи по барањето, Агенцијата за Вработување до Македонското здружение на млади правници доставила Известување од 24.06.2019 година, со кое го информираат дека со оглед на фактот дека лицето А.Х. сеуште нема статус на азилант и регулиран престој во РСМ, ниту пак има матичен број на странец определен од надлежен орган, во тој момент нема законски основ и можност да се даде дозвола за работа на лицето А.Х.  ниту пак да го воведе лицето во евиденцијата за странските државјани и за лицата без државјанство кои бараат вработување или се вработени во РСМ. После ова лицето А.Х. тужител во постапката поднел уште два поднесока до Министерството за труд и социјална политика и Министерството за Внатрешни Работи како и претставка до Народниот правобранител но сите овие дејствија не резултирале со решавање на ситуацијата по што следело отпочнување на предметната судска постапка.

2. Поднесување на тужбата тек на првостепената постапка и одлука на Основниот Граѓански суд во Скопје број 22П4-849/19 од 13.07.2021 година

Тужителот А.Х. поднел тужба до Основниот Граѓански суд во Скопје на ден 08.11.2019 година против Агенција за вработување на Република Северна Македонија со која барал да се утврди дека тужениот Агенција за вработување на Република Северна Македонија го повредила правото на еднаквост на тужителот односно сторила индиректна, дискриминација со потежок облик по основ на личен и општествен статус во работните односи и го ставила тужителот во понеповолна положба со повреда на правото на тужителот во остварување на неговото право на слободен пристап до работно место/право на слободен пристап на пазарот на труд. Притоа во тужбата се барало и забрана на секое понатамошно преземање на дејствија од страна на тужениот Агенција за вработување на Република Северна Македонија со кои се крши правото на тужителот во областа на работните односи-остварување на неговото право на слободен пристап до работно место/право на слободен присгап на пазарот на труд, како и задолжување на тужениот Агенција за вработување на Република Северна Македонија да му издаде дозвола за работа на тужителот најдоцна во рок од 8 дена од приемот на пресудата. Со тужбата како што е тоа случај во постапките за дискриминација се барало и наложување за јавно објавување на пресудата во дневните весници во Р. С. Македонија на трошок на тужениот. Во истата тужба е поставен уште еден тужбен петитум и а е барано да се утврди дека тужениот Агенција за вработување на Република Северна Македонија го повредила право на слободен пристап до работно место/право на слободен пристап на пазарот на труд, со одбивање да му издадат дозвола за работа на тужителот и да се задолжи тужениот Агенција за вработување на Република Северна Македонија да му издаде дозвола за работа на тужителот најдоцна во рок од 8 дена од приемот на пресудата.
Главниот законски основ за поднесување на тужбата  е содржан во чл.48 ст.1 алинеја 7 од Законот за азил и привремена заштита а според кој “Барателите на право на азил до донесување на конечна одлука во постапката за признавање          право на азил имаат право на: -работа само во рамките на Прифатниот центар или друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика како и право на слободен пристап на пазарот на труд за барател на право на азил на кој барањето за признавање на право на азил не му е решено во период од една година, по истекот на периодот од една година. Според наводите во тужбата од денот кога е поднесено барањето за азил од страна на тужителот 12.10.2017 година до денот на тужбата имало поминато цели две години. а нема конечна одлука по истото, па оттука Агенцијата за вработување со своето постапување го крши законот и сторува дискриминапија кон лицето А.Х. поради неговиот личен и општествен статус-барател на азил во областа на работните односи.  Во тужбата , тужителот се повикува и на член 6 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој дава дефиниција за дискриминацијата, како и членовите 8,13,34,37 од истиот закон со кои поконкретно се објаснуваат дискриминаторските основи за конкретната тужба. Според тужителот законската основа истиот да ја тужи агенцијата за вработување е утврдена и во чл.10 ст.З ал.5 од Законот за вработување и работа на странци според кој барање за работна дозвола може да поднесе странец кој го има регулирано престојот во државата по друг основ, во Агенцијата за вработување или во други простории определени од Агенцијата за вработување.  Покрај овие законски одредби во тужбата се цитираат и одредби од Уставот на Р.С.М. и тоа членовите 8,29,32 и 54. Исто така  тужителот се повикува и на меѓународни норми односно на Универзалната декларација за човекови права на Организацијата на Обединетите Нации, чиј член е и РСМ,а каде во Членот 2 го предвидува начелото на еднаквост како и членот 7 од истата декларација е предвидена забраната за дискриминација. Исто така во тужбата се цитира и членот 14 од Европската Конвенција за Човекови Права и Протокол 12 кон истата кои пропишуваат забрана за дискриминација.
Првостепениот суд по две одржани рочишта и изведувањето на доказите на ден 13.07.2021 година ја донесе првостепената пресуда под број 22П4-849/19 со која во целост го одби тужбеното барање на тужителот и го задолжи со трошоци во постапката во вкупен износ од 54.304,оо денари. Според првостепениот суд тужениот немал законски основ и можност да му издаде дозвола за работа на тужителот, ниту да го воведе во евиденцијата за странските државјани и за лицата без државјанство кои бараат вработување или се вработени во Република Северна Македонија, а согласно цитираните законски одредби, со оглед да било постапено по барањето на тужителот за признавање на право на азил од 12 10 2017 година и бил донесен конечен управен акт со кое барањето е одбиено од една страна, а од друга страна и во во услови кога тужениот нема законска надлежности, ниту овластување да определува матичен број на странец, туку за истото единствено надлежен орган во Република Северна Македонија е Министерството за внатрешни работи.  За ваквата одлука придонела и околноста бидејќи во меѓувреме во текот на траење на судската постапка се завршила и постапката по жалба пред Вишиот Управен Суд во која и официјално во последна инстанца на ден 04.03.2020 година е потврдена првостепената пресуда со која се одбива управната тужба против решението со кое се одбива барањето за азил на тужителот.  Исто така при одлучувањето првостепениот суд го земал во предвид и тоа дека во конкретниот случај не постоело лице, како компаративен примерок, кое под истите услови како тужителот се стекнал со работна дозвола од страна на тужениот и бил воведен во евиденцијата на тужениот за странските државјани и за лицата без државјанство кои бараат вработување или се вработени во Република Северна Македонија.
            Земајќи ја во предвид ваквата донесена првостепена пресуда и анализирајќи го постапувањето на судот неминовно се забележуваат неколку аспекти кои можат да ги оквалификуваат причините за ваквата пресуда несоодветни со она што е предмет на тужбата.
            Имено, неспорно е дека на денот на поднесувањето на предметната тужба 08.11.2019 година постапката за азил на тужителот била се уште во тек бидејќи се водела постапка по жалба против првостепена одлука на управниот суд а во врска со управното решение со кое се одбива барањето за азил на тужителот. Со оглед дека постапката била во тек и траела повеќе од две години до денот на поднесувањето на предметната тужба , тужителот согласно Законот за азил и привремена заштита неспорно се стекнал на право на слободен пристап на пазарот на труд.  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија го одбила барањето на тужителот за добивање на работна дозвола бидејќи тужителот сеуште немал статус на азилант, регулиран престој во државата ниту матичен број за странец, повикувајќи се на одредби од Законот за Вработување и работа на странци. Меѓутоа тужителот кој бил барател на азил остварувањето на правото на пристап до пазарот на труд не го барал врз основа на статус на азилант или странец со регулиран престој и матичен број во државата , туку врз основа на правото да како странец во постапка на добивање на право на азил која трае повеќе од 1 година има право на пристап до пазарот на труд. Впрочем и според Законот за Вработување и Работа на Странци - член 10, став 3 алинеја 5  “странец барател на правото на азил на кој барањето за признавање на правото на азил не му е решено во период од една година, по истекот на периодот од една година (дозволата за работа се издава на три месеци со можност за продолжување)” Оттука првостепениот суд применил рестриктивно толкување на материјалното право во Република Северна Македонија при што применувал законски одредби кои се однесуваат на други категории на лица ( азиланти и странци со регулиран престој и матичен број). Исто така рестриктивноста на толкувањето на законските одредби се согледува во тоа што судот навел дека Агенцијата за Вработување не можела да му издаде матичен број на тужителот а кој бил потребен како податок за евиденција на издадените работни дозволи заедно со личната карта за странец. Меѓутоа имајќи го во предвид дека се работи за активен барател на азил чија постапка сеуште траела во моментот на поднесување на тужбата и кому Министерството за Внатрешни работи не му издала матичен број за странец, тужителот во никој случај не може да биде опструиран во неговото законско право на пристап до работа. Исто така првостепениот суд рестриктивно го толкувал статусот на тужителот а тоа е барател на азил чие барање не е решено. Според првостепениот суд одбивањето на барањето на азил на тужителот со управен акт од 12 10 2017 било конечно па оттука преку повеќекратно повторување на оваа околност во образложението на пресудата првостепениот суд како да земал за утврдено дека тужеителот нема статус на активен барател на азил иако во тек била второстепена постапката во управен спор.       
            Понатаму, првостепениот суд сосема рестриктивно и погрешно ја толкувал околноста поврзана со дискриминацијата кога утврдил дека во конкретниот случај не постоело лице, како компаративен примерок, кое под истите услови како тужителот се стекнал со работна дозвола од страна на тужениот и бил воведен во евиденцијата на тужениот за странските државјани и за лицата без државјанство кои бараат вработување или се вработени во Република Северна Македонија. Ова од причина што и во самата тужба се бара да се утврди нееднаков третман со другите баратели на работа без оглед дали се државјани на Република северна Македонија или странци односно ставање на тужителот во понеповолна положба со повреда на правото на тужителот во остварување на неговото право на слободен пристап до работно место/право на слободен пристап на пазарот на труд. Имено кога тужителот веќе законски се стекнал со правото да заснова работен однос тој е на исто рамниште со сите што го имаат ова право во државата, оттука првостепениот суд сосема неосновано се ограничува на тоа да бара компаративен примерок странец кој бил воведен во евиденцијата на тужениот за странските државјани и за лицата без државјанство кои бараат вработување или се вработени во Република Северна Македонија.

            3. Поднесување на жалба и донесување на Апелационата пресуда ГЖ-610/22
Незадоволен од првостепената пресуда тужителот на ден 28.09.2021 година поднел жалба побивајќи ја првостепената пресуда по три основи и тоа , суштествена повреда на одредбите на постапката, погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, и е побарано од второстепениот суд да ја поништи првостепената пресуда и да ја преиначи пресудата на начин што ќе ја усвои тужбата во целост, или да ја поништи првостепената пресуда и предметот да го врати на повторно судење.
            Во поднесената жалба тужителот наведува и дека првостепениот суд не одлучил во целост за поднесеното тужбено барање и одлучил само за тужбеното барање поврзано со утврдување на повреда на правото на еднаквост но не и на повреда на правото на слободен пристап до работа и на пазарот на труд.  Исто така во жалбата се наведува дека тужителот е дискриминиран во споредба со останатите кои имаат пристап до работа.
            Во продолжение на жалбата тужителот се повикува и на повреда на поголем број на законски одредби кои првостепениот суд погрешно ги толкувал и ги применил во образложението на пресудата.
            Постапувајќи по жалбата на тужителот , Апелациониот суд во Сопје на ден 02.03.2022 година ја донесува пресудата под број ГЖ-610/22, со која се одбива вложената жалба на тужителот ,а првостепената пресуда се потврдува во целост. Во апелационата пресуда тужителот се задолжува на тужениот да му ги надомести и трошоците во апелационата постапка во вкупен износ од 8.884 денари.
            Доколку се разгледа образложението на оваа пресуда донесена од Апелациониот Суд во Скопје може да се воочи дека второстепениот суд структурално одлучувал по сите истакнати повреди но не дал доволно детално и опфатно образложение во кое ги кажува причините за донесената пресуда. Па така во оваа насока во делот каде се објаснува причината зошто второстепениот суд смета дека се неосновани наводите истакнати во жалбата за суштествена повреда на одредбите на постапката , апелациониот суд едноставно наведува дека наводите се неосновани и дека првостепената пресуда е јасна и содржи доволно образложени причини и решителни факти без поконкретно да наведе и цитира од каде произлегува ваквиот заклучок. Истото се случува и во делот на наводите во жалбата дека првостепениот суд не одлучил во целост по тужбениот петитум, каде како образложение се вели дека судот одлучувал во рамките на поставеното барање без понатамошно објаснување.
            Во делот на образложението на жалбените наводи за погрешно утврдената фактичка состојба второстепениот суд буквално ги наведува сите докази од првостепената постапка и наведува дека согласно истите правилно е изведена фактичката состојба од певостепениот суд, но не се задржува конкретно образложувајќи го делот на повредите наведен во поднесената жалба.
            Истиот тип на образложение со кое буквално по неколку пати се препишуваат изведените докази од првостепениот суд и се повторуваат наводите од првостепената постапка без притоа да се навлезе во конкретните повреди наведени во жалбата се провлекува и во делот каде се одлучува по жалбените наводи за сторената дискриминација од потежок облик сторена кон тужениот. Во овој дел буквално се препишува делот каде првостепениот суд наоѓа дека Република Северна Македонија има обврска директно да ги применува и одредбите на меѓународните инструменти, склучени и ратификувани во согласност Уставот на РСМ кои ја забрануваат дискриминацијата во смисла на Меѓународната конвенција за укинување на сите форми на расна дискриминација, Меѓународниот пакт за граѓански и поличики права, меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Европстата конвенција за човекови права. Протоколот 12 кон ЕКЧП, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во рамките на ЕУ. Директивата за имплементација на принципот на еднаков третман помеѓу лицата, независно од нивната расна или етничка припадност. Принципот на забрана на дискриминација претставува темелно начело на Договорот за ЕУ, кој во својата преамбула ја наведува поврзаноста кон начелата на слободите, демократијата и почитувањето на човековите права и фундаменталните слободи, како и владеењето на правото. Со чл 13 од  Договорот за Европските заедници се обезбедува надлежност на ЕУ во однос на земјиште членки на 1 полето на борбата против дискриминацијата по основ меѓу другото и на личен и општествен статус. Во смисла на наведеното, Апелациониот суд како и првостепениот суд нашол дека начелото на недискриминација е етаблирано во Уставот на РСМ и тоа како едно од основните начела на кое се темели највисокиот правен акт. Имено, во чл. 9 од Уставот на РСМ наведено е дека граганите на РМ се еднакви во слободите и правата, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичко и врското уверување, имотната и општествената положба. Од тука според Апелациониот суд а имајки го во предвид погоре наведено, како и наведените законски одредби и меѓународни прописи првостепениот суд правилно утврдил дека во конкретниот случај при израдувањето на своите законски овластувања тужениот со ниту едно преземен од дествие не го повредил правото на еднаков тетрман на тужителот.
Во делот на жалбените наводи за неправилна примена на материјалното право Апелациониот суд видно од образложенито на пресудата воопшто не се ни произнел и не дал образложение а второстепената пресуда ја завршил едноставно наведувајќи дека предмет на оценка биле и другите жалбени наводи но судот нашол дека се без влијание за поинакво одлучување.
Повреда на правото на еднаквост при пристап до работа | Justice Observers