КАВАЛА против ТУРЦИЈА (Апликација бр. 28749/18, Пресуда 11.07.2022, Основ: чл. 46 ст. 4 од ЕКЧП поради непочитување на претходна конечна пресуда на ЕСЧП)

Вовед
Ова е втора  пресуда што ЕСЧП ја има донесено применувајќи ги одредбите од членот 46 на ЕКЧП содржани во Протоколот 14 кон ЕКЧП.
Кога го применува членот 46 од ЕКЧП, ЕСЧП не навлегува во повторно преиспитување на случајот во којшто претходно била констатирана повреда и пресудата станала конечна, туку предмет на оцена е односот на државата кон обврските што произлегуваат од претходно донесената пресуда. За оваа постапка секогаш одлучува Големиот судски совет на ЕСЧП.
Интересно е што и двете пресуди во коишто досега е применет членот 46 од ЕКЧП, претходно била донесена пресуда  во која била констатирана повреда на правото од членот 5 на ЕКЧП, односно станувало збор за предолго и неосновано лишување од слобода на апликанти коишто не биле политички истомисленици со владеачката структура во државата, биле граѓански активисти и борци за човекови права.
Комитетот на министрите ја иницира  постапката пред ЕСЧП по основ на членот 46 во којшто е содржано неговото право на надзор врз извршувањето на донесените прсуди, на што претходни обраќање до засегнатата држава со  цел да се добие  информација што е преземено по  основ на донесената пресуда.



ФАКТИ И ОКОЛНОСТИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА ВО ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА (ШТО СТАНАЛА КОНЕЧНА НА 11 МАЈ 2020 ГОДИНА)

Г-дин Кавала бил бизнисмен и борец за човекови права во  Турција и бил активен во многу невладини организации и граѓански движења. Тој бил  лишен од слобода и се наоѓал во притвор непрекинато од 18.10.2017, најмалку до 02.02.2022 година, односно до денот кога Комитетот на министри не одлучи да ја упати пресудата до ЕСЧП согласно членот 46 ст. 4 од ЕКЧП. Обвиненијата се однесувале на кривични дела со  кои се  правел обид за рушење на  Владата со сила и  насилство  и обид за нарушување на уставниот поредок. Откако  во 2020 година биле  повлечени обвиненијата, притворот бил  укинат и била определена гаранција, но г-дин Кавала наместо да биде ослободен прво бил задржан во полиција, за веднаш истиот ден повторно да му биде определена мерката притвор заради обвинение за воена и политичка шпионажа.
Откако Комитетот на  Министри го покренал прашањето согласно член 46 ст. 4 од ЕКЧП, г-дин Кавала за едно кривично дело бил осуден на доживотна казна затвор и останал во  притвор.
Притворот на г-дин Кавала бил постојано продолжуван и тој бил во притвор вкупно четири години, три месеци и 14 дена.
Г-дин Кавала барал заштита и пред Уставниот  суд во однос на предолгото траење на мерката притвор. По основ  на првото барање до Уставниот суд било  одлучено дека нема повреда на неговото  право  на слобода. Потоа, г-дин Кавала поднел второ  барање до Уставниот  суд, при што повторно било оценето дека не му е повредено правото на слобода. Свое издвоено мислење имал Претседателот на Уставниот суд  којшто не се согласувал со мнозинството  судии истакнувајќи дека за да може  да се тврди дека невладина организација презела некои активности за шпионирање мора да се располага со информации, документи и конкретни докази, а не со апстрактни и генерални хипотетички тврдења. Во слична насока свое издвоено мислење имал и потпретседателот на Уставниот суд. Третиот судија што го издвоил своето мислење навел дека нема факти, информации или докази дека г-дин Кавала учествува во криминални активности за кривичното дело за кое се обвинува. На слични околности своите извоени мислења ги навеле уште четири судии, или вкупно седуммина судии на Уставниот суд имале свое издвоено мислење.
Поради сите факти во случајот, ЕСЧП во декември 2019 година донел пресуда во случајот на г-дин Кавала против Турција (апликација бр. 28749/18) со која била констатирана повреда на член 5 ставовите (1) и (4) и на член 18 во врска со член 5 став  (1) од ЕКЧП во однос на кривичните обвиненија против г-дин Кавала и неговиот последователен и продолжен притвор при отсуство на какви било разумни основи, ниту постоеле докази за разумен сомнеж дека г-дин Кавала го сторил  делото што  му се става на товар.
Воедно, ЕСЧП оценил дека одлуката на Уставниот суд на Турција не може да се смета дека е во контект на заштитата обезбедена во чл. 5 ст. 4 од ЕКЧП.
Пресудата на ЕСЧП станала правосилна на 11 мај 2020 година.


НАДЗОР ВРЗ ИЗВРШУВАЊЕТО НА ДОНЕСЕНАТА ПРЕСУДА ВО ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА (ШТО СТАНАЛА КОНЕЧНА НА 11 МАЈ 2020 ГОДИНА)

Откако пресудата станала конечна била доставена до Комитетот на министри на Советот на Европа  со цел да врши надзор врз нејзиното извршување, очекувајќи дека според обврската што ја има државата согласно членот 46 од ЕКЧП, г-дин Кавала ќе биде ослободен од притвор. Веќе  на состанок на 4 јуни 2020 година, Комитетот на министри го класифицирал случајот како случај за кој е потребна „засилена постапка“ врз основа на тоа што Комитетот на министри барал преземање „итни индивидуални мерки“ поради откриен „комплексен проблем“.
Било одлучено да се следи предметот на секој состанок на Комитетот на министри додека г-дин Кавала не биде ослободен.
Врз основа на членот 46 ст. 4 од ЕКЧП, Комитетот на Министри донел 10 одлуки и три резолуции. Уште по првата донесена пресуда Комитетот на Министри барал ослободување на г-дин Кавала „без одлагање“.
На 16 март 2021 година, со писмо потпишано од претседавачот со Комитетот на министри до турскиот министер за надворешни работи „била пренесена длабоката загриженост на Комитетот за продолжувањето на притворот на апликантот и било изразено силно очекување дека Турција ќе ги преземе сите неопходни чекори за да обезбеди ослободувањето на г-дин Кавала.“
Во периодот од 12 мај 2021 до 12 јануари 2022 година, Комитетот на Министри го преиспитувал случајот на г-дин Кавала на 16 состаноци.
Откако било констатирано дека Турција обива да го ослободи г-дин Кавала и не се придржува на конечната пресуда на ЕСЧП, било доставено официјално известување до Турција дека во февруари 2022 година ќе биде повикан ЕСЧП, во согласност со член 46, став 4, од ЕКЧП, да одлучи по основ на прашањето дали Турција пропуштила да ја исполни својата обврска од член 46, став 1, од ЕКЧП и на истата седница Комитетот на министри покренал постапка соглано член 46 став 4 од ЕКЧП.



РЕЛЕВАНТНА ПРАВНА РАМКА И ПРАКТИКА

ПРАВИЛА НА КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИТЕ
Во  конкретниот случај Турција постапила  спротивно на Правилата на Комитетот на Министри  за надзор  на извршувањето на пресудите на ЕСЧП и тоа конкретно на Правилото бр. 11 – Постапка во случај на прекршување на обврска од страна на држава потписничка на ЕКЧП.

Оваа постапка се иницира доколку се исполнети следниве услови:
За  да  се оцени дека станува збор за исклучителен случај Комитетот на министри треба да примени висок праг пред да ја започне постапката за прекршување, којашто има статус на последна мерка откако Комитетот на министри оценил дека другите средства за обезбедување на извршување на пресудата се покажале како неуспешни.

Упатувањето на случајот до ЕСЧП треба да има форма на привремена резолуција која треба да содржи:

ПРОТОКОЛ БР. 14 НА ЕКЧП
            Протоколот бр. 14 на ЕКЧП беше донесен во 2004 година, а влезе во сила во 2010 година и со него за првпат  беше пропишана можност за поведување постапка пред ЕСЧП во случај ако држава потписничка не извршува  пресуда  што  ја донел ЕСЧП.         
Согласно членот 46 од овој Протокол, пресудите на ЕСЧП имаат задолжителна сила и мора да бидат извршени.
            Ставовите 4 и 5 на членот 46 му даваат овластување на Комитетот на Министрите да иницира постапка за прекршување (infringement proceeding) поради неизвршување на пресуда пред ЕСЧП.
За оваа постапка одлучува Големиот судски совет на ЕСЧП.
            Постапката  за прекршување на извршувањето не значи повторно отворање на случајот каде што била констатирана повредата на ЕКЧП, ниту предвидува некои парични казни за засегнатата држава.
Се смета дека политичкиот притисок извршен со иницирање на постапка за непридружување и подоцнежната одлука на Големиот судски совет треба да бидат доволни за да се обезбеди извршување на првичната пресуда на ЕСЧП од страна на засегнатата држава со цел таа да постапува со добра волја.

            СЛУЧАЈОТ НА ИЛГАР МАМАДОВ ПРОТИВ АЗЕРБЕЈЏАН
            Наведениот случај (Ilgar Mammadov v. Azerbaijan, Апликација бр. 15172/13, Пресуда 29 May 2019) е првиот случај што Комитетот на министрите го доставил до ЕСЧП по основ на чл. 46 ст. 1 од ЕКЧП поради покрената постапка за непридржување и неизвршување на конечна пресуда донесена од страна на ЕСЧП.
            Г-дин Мамадов бил лидер на опозицијата и борец за човекови права во Азербејџан. Тој бил во затвор од 2013 до 2018 година, период во кој и Советот на Европа и други меѓународни организации и невладини организации барале негово ослободување. Постапувајќи по апликацијата на г-дин Мамадов (Апликација бр. 15172/13, пресуда од 22.05.2014  година, која станала конечна на 13.10.2014 година), ЕСЧП одлучил дека има повреда на членот 5 ст. 1(в) и ст. 4, на чл. 6 ст. 2 и на член 18 во врска со членот 5 од ЕКЧП.
            Во 2019 година ЕСЧП едногласно одлучил дека првичната пресуда на ЕСЧП во случајот Мамадов против Азербејџан не била извршена, дека државата не постапувала со добра намера во духот на донесената пресуда од страна на ЕСЧП.



ОДЛУКА НА ЕСЧП ПО ОСНОВ НА НЕИЗВРШУВАЊЕ НА НЕГОВА КОНЕЧНА ПРЕСУДА ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ
да станува збор за исклучителен случај
пред нејзинотоповедување да претходи официјално известување од Комитетотна министридо државата
ова известување да било поднесено во рок од 6 месеци пред да се иницира оваа постапка, освен во случај на донесена резолуција со 2/3 мнозинство од претставниците во Комитетот на министри.
образложение на оправданоста од поведување на постапката и
да биде наведен ставот на засегнатата држава.

ЕСЧП донесува деклараторна пресуда кога ќе констатира повреда на ЕКЧП по основа на неизвршување конечна пресуда.

Кога ЕСЧП утврдил прекршување на ЕКЧП или на нејзините протоколи, обврските на тужената држава се:
има законска обврска да им ги исплати на засегнатите сумите досудени како праведно обештетување,
има обврска да одбере поединечни мерки што треба да се донесат во нејзиниот домашен правен поредок за да се стави крај на повредата што ја утврдил ЕСЧП, што повторно е предмет на надзор од Комитетот на министри.

            Пред да одлучи предметот да го достави до ЕСЧП, Комитетот на министри прејудициелно одлучува за следново:
дека постои одбивање на државата да се придржува кон конечна одлука на ЕСЧП
постоење на исклучителни околности.

ЕСЧП констатирал дека Комитетот на министри  нема мандат да врши оцена на доказите во теков случај пред домашен суд на државата потписничка на ЕКЧП. 
            Воедно, ЕСЧП констатирал дека фактот за покренување постапка според член 46 став 4 од ЕКЧП претставува прекршување на системот на ЕКЧП, кој се заснова на принципите на супсидијарност и маргина на вреднување, како што е наведено во Протокол бр.15 на ЕКЧП.
            ЕСЧП оценил дека не се основани тврдењата на државата дека апликацијата на г-дин Кавала не била поднесена во рок од шест месеци по исцрпување на сите домашни правни лекови, бидејќи тој рок е ирелевантен кога станува збор за постапка за непридржување кон конечна пресуда на ЕСЧП.

ЕСЧП ценел неколку околности:
дали обвинувањата кон г-дин Кавала суштински се смениле по донесување на пресудата од ЕСЧП, како што тоа го тврдела државата,
дали тој поднел нова апликација после конечната пресуда
кои мерки ги презела Турција.

ЕСЧП навел дека и кога се работи за обвинение за различно кривично дело, оцената дали обвинението суштински се сменило зависи  од тоа дали новото обвинение се заснова на нови докази или станува збор за истите докази, само искористени за обвинение со друг назив на кривично дело. Во конкретниот случај било констатирано дека не станувало збор за ново обвинение бидејќи тоа се засновало на истите факти.
Имало многу факти што државата воопшто не ги спорела, а оделе во корист на тврдењата на г-дин Кавала.
Политичкиот карактер на предметот се огледа и во фактот што за тројца судии што донеле ослободителна пресуда била поведена дисциплинска постапка, а за случајот на г-дин Кавала биле дадени неколку изјави и биле држени говори од страна на високи државни функционери.


VI. ЗАКЛУЧОК НА СУДОТ
ЕСЧП констатирал дека структурата на ЕКЧП е поставена така што се очекува дека државите  потписнички ќе постапуваат со добра волја и дека истиот пристап ќе биде почитуван и кога станува збор за надзор над извршување на пресудите.
Со непочитување на пресудите на ЕСЧП државите манифестираат непочитување на владеењето на правото, принцип којшто е водечки при ратификување на ЕКЧП.
Турција во конкретниот случај презела некои конкретни мерки и презентирала неколку акциски планови, но сепак, и покрај пресудата на ЕСЧП, г-дин Кавала континуирано се наоѓал во притвор и тоа врз основа на факти кои, во својата првична пресуда, ЕСЧП ги оценил како недоволни за да се оправда сомнежот дека г-дин Кавала сторил „какво било кривично дело“ и кои се „во голема мера поврзани со остварувањето на правата од ЕКЧП.“ И покрај ваквата оцена на ЕСЧП, г-дин Кавал бил осуден на најстрогата казна според турското законодавство – доживотна казна затвор.
ЕСЧП оценил дека мерките наведени од Турција не му дозволуваат да заклучи дека државата членка постапила со „добра волја“, на начин компатибилен со „заклучоците и духот“ на пресудата во случајот на г-дин Кавала, или на начин што би ја направил практична и ефективна заштитата на правата од ЕКЧП за кои ЕСЧП утврдил дека се повредени во таа пресуда.
Оттука заклучокот дека Турција не ја исполнила својата обврска според член 46 став 1 да се придржува до пресудата во случајот Кавала против Турција од 10 декември 2019 година поради што:
констатирал повреда на членот 46 ст. 1 од ЕКЧП
ја задолжил Владата на Турција, во рок од три месеци, да му исплати на г-дин Кавала износ од 7.500 евра и други износи на име такси, трошоци или издатоци на коишто бил изложен во текот на постапката




Проф. д-р Гордана Лажетиќ
КАВАЛА против ТУРЦИЈА (Апликација бр. 28749/18, Пресуда 11.07.2022, Основ: чл. 46 ст. 4 од ЕКЧП поради непочитување на претходна конечна пресуда на ЕСЧП) | Justice Observers