Игор Спировски
21.03.2019

Роден во 1960 во
Скопје. Од 2013 работи какo адвокат во Скопје. Застапува
пред домашните судови и пред Европскиот суд за човекови права. Поранешен судија на Уставниот суд, поранешен заменик член
на Европската комисија за демократија преку право на Советот на Европа (Венецијанската
комисија), како и член на советот на Меѓународното здружение за уставно право. Стекнал диплома за Овластен едукатор за прашања на
Европската унија од Институтот за европска
политика во Берлин, 2002. Автор е на триесеттина научни и стручни трудови објавени
во земјата и странство.
