д-р Александра Максимовска Стојкова
30.04.2020

Д-р Александра Максимовска Стојкова, редовен професор по финансово право на
Правниот факултет Јустинијан Први, при УКИМ и Раководител на мастер студиите -
насока Финансово право. Предмет на професионален интерес и се даноците и
буџетското право, а посебно правото на локално финансирање, за кои има објавено
над 60 научни и стручни трудови во реномирани меѓународни и домашни списанија.
Автор е на три универзитетски учебници, а како раководител и член учествува во
повеќе од 20 научни и физибилити проекти и студии. Во 2013та година е визитинг
професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон, во САД, а од 2018г година избрана за
постојан член Европската асоцијација на професори по даночно право.
