Анализа на начелен став на Врховен суд на Република Северна Македонија
19.09.2023
ВОВЕД
Со ова правно мислење се анализира Начелниот став на Врховниот суд на Република Северна Македонија (понатаму, Врховниот суд) за објава на неправосилни одлуки, пресуди и решенија, за судски предмети за кои имаат јавен интерес. Начелниот став на Врховниот суд, се анализира од аспект на објавување и достапност на одлуки донесени во судски постапки кои не се правосилни, како и обезбедување на правна сигурност преку јасно утврдување на хиерархијата на примена на законите во рамките на судските постапки.
ФАКТИ НА СЛУЧАЈОТ
Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 16 февруари 2020 година го донесе Законот за управување со движењето на предметите во судовите објавен во „Службен весник на Република Македонија“ брoj 42/2020 со кој беше заменет и престана да важи Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Македонија“ брoj 171/10). Во членот 9 од Законот од 2020 година, законодавецот го уредил објавувањето на правосилни одлуки на веб-страницата на судот, па согласно тоа во ставот 1 предвидел дека „(1) Овластениот судски службеник на првостепениот суд е должен во рок од седум дена од денот на правосилноста на судската одлука, односно од денот на доставување на одлуката од страна на повисокиот суд, да ја објави на веб- страницата на судот со име и презиме на странките, односно називот на правното лице, при што се анонимизира адресата на живеалиште, односно престојувалиште или седиштето на странките, единствениот матичен број на граѓанинот или единствениот матичен број на субјектот на упис и личните податоци на сведоците и оштетените во постапката.“ Ова прашање беше поинаку уредено со Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Македонија“ брoj 171/10) кој во членот 10 го уредуваше објавувањето на одлуки на веб страницата на судот на начин што „Овластениот судски службеник во рок од два дена од денот на приемот на неправосилната судска одлука е должен да ја објави на веб страницата на судот со целосно анонимизирање на личните податоци на учесниците во постапката, освен името и презимето на судиите, јавните обвинители, државните правобранители и законските застапници на странките.“ во исто време, Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/10, 100/12, 142/16 и 198/18) во членот 125 Објавување на судските одлуки го уредува објавувањето на судските одлуки во кривичната постапка, и согласно ставот 3 од истиот член е уредено дека „(3) Судовите се должни донесените одлуки во рок од два дена од изготвувањето да ги објават на веб страницата на судот, на начин утврден со закон.“ Оттука, кај судовите се јави дилема кој закон треба да се применува кога станува збор за објава на судските одлуки во кривичната постапка, бидејќи новодонесениот Законот за управување со движењето на предметите во судовите од 2020 година има дијаметрално спротивна доктрина кога станува збор за објавување на сите одлуки, бидејќи за разлика од претходниот Законот за управување со движењето на предметите во судовите („Службен весник на Република Македонија“ брoj 171/10) и Законот за кривичната постапка предвидува објавување само на правосилни одлуки, додека претходниот закон и Законот за кривична постапка предвидуваат објава на сите судски одлуки, како правосилни така и неправосилни одлуки.
Судовите од стапување на сила на Законот за управување со движењето на предметите во судовите од 2020 година се соочија со оваа легислативната неусоглсеност која им претставуваше проблем поради реакциите кои доаѓаа како од медиумите така и граѓаните.
Судовите поради настанатата состојба која беше предизвикана со воведување на дијаметрално спротивни правила за разлика од тие кои важеа 10 години и врз основ на кои беше воспоставена цврста пракса на целосна отвореност и транспарентност на работата на судовите, беа соочени со правна дилема кој закон да го применат.
Врховниот суд на РСМ како највисок суд во Северна Македонија кој е надлежен да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите, согласно членот 37 став 1 алинеја 1 и 3 од Законот за судовите, по предлог на Претседателката на Врховниот суд на РСМ пристапи кон утврдување на начелен став по однос на прашањето. На Општата седница при Врховниот суд на РСМ, одржана на 21.12.2022 година, Врховниот суд утврди начелен став согласно кој „Судовите, донесените одлуки (пресуди и решенија) кои не се правосилни и кои се однесуваат на предмети од јавен интерес ги објавуваат на веб страницата на судот.“
Во образложението на Начелниот став од 21.12.2022 година, Врховниот суд на РСМ наведува дека од содржината на наведените одредби од Законот за судовите, Законот за управување со движењето на предметите во судовите, неспорно произлегува дека законска обврска на судовите е донесените правосилни одлуки во определениот рок да ги објавуваат на веб страницата на судот, за разлика од член 126 став 1 и 2 од Закон за кривичната постапка, според кој член сите судски одлуки се јавни и достапни во електронски или печатени примероци достапни на увид и препис на секое заинтересирано лице. Притоа, Врховниот суд на РСМ навел дека Законот за кривичната постапка е еден од системските закон кој претставува посебен закон во однос на Законот за судови и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, и дека поради тоа треба да се почитува начелото „lex specialis derogate lex generalis“, во конкретниот случај, односно дека примената на одредбите на Законот за кривичната постапка имаат предност во однос на останатите два закони за материјата која ја уредуваат во која влегува и објавата на судските одлуки на веб страницата на судовите.
Врховниот суд на РСМ овој Начелен став го засновал на членот 16 во врска со членот 102 од Уставот на РСМ, кои ја гарантираат слободата на јавното информирање и јавноста во судските постапки. Покрај повикувањето на гаранциите предвидени со Уставот, Врховниот суд на РСМ се повикал на членот 6 Право на правично судење и членот 10 Право на слобода на изразување од Европската конвенција за човековите права и праксата на Европскиот суд за човековите права (Sutter v. Switzerland, P and B v. United Kingdom и Tbrsasbg a Szabadybgjogokirt v. Hungary) кои се однесуваат на јавното објавување на судски идлуки како и Препораката Rec (2003) 13 на Советот на Европа која се однесува на обезбедување на информации преку медиумите во врска со кривичната постапка.
АНАЛИЗА НА НАЧЕЛНИОТ СТАВ НА ОПШТАТА СЕДНИЦА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РСМ
Врховниот суд на РСМ како највисок суд и креатор на политиките во судската власт во една рака но и гарант за обезбедување на правната сигурност и правната предвидливост во друга рака, со овој Начелен став направил јасна дистинкција во однос на редоследот на примена на позитивните правни акти со кои се регулира прашањето за објавување на судските пресуди. Имено, Врховниот суд на РСМ соочен со воспоставување на нова ретроградна доктрина со Законот од 2020 година од страна на законодавецот, и неговата недоследност за инкорпорирање на оваа доктрина во сите закони кои го уредуваат ова прашање како и реакцијата на јавноста и медиумите, реагирал експедитивно и самоиницијативно преку предлогот на Претседателката на Врховниот суд на РСМ, ова прашање го ставил на разгледување и дискусија на Општата седница како највисок судечки форум во судството на Република Северна Македонија.
Начелниот став самиот по себе дава гаранција во кој случај треба да се применат одредбите на Законот за кривичната постапка наспроти Законот за управување со движењето на предметите во судовите објавен од 2020 година, но само во делот на објавување на неправосилни судски одлуки, притоа давајќи образложение за хиерархијата на примена на законите во од доктринарно ниво. Но Врховниот суд, и покрај тоа што дава јасна насока кој закон има предност во својата примена сепак не ја разјаснува до крај кој закон треба во целост да се се примени. Ова произлегува од фактот дека и покрај тоа што Законот за кривична постапка, како што наведува Врховниот суд на РСМ во конкретниот случај е lex specialis во однос на Законот за управување со движењето на предметите во судовите објавен од 2020 година, и согласно тоа начело треба да има предимство во примената, Врховниот суд преку начелниот став ка ограничува и неговата примена, поради фактот што воспоставува дополнителен услов кој се однесува на тоа дека судовите ќе ги објавуваат одлуките кои не се правосилни само доколку се однесуваат на предмети од јавен интерес. Дополнително, од самото образложение на овој Начелен став, се добивав печаток дека објавата на неправосилните одлуки за кои постои јавен интерес, се однесува само на судските одлуки од кривично-правен карактер.
Сепак, овој Начелен став треба да се гледа од аспект на примена не само на националните закони во разјаснувањето на транспарентноста и отвореноста на судовите која очигледно со Законот од 2020 година има тенденција на намалување, туку и на примената и следењето на меѓународните стандарди кои се однесуваат на транспарентност и отвореност на суската власт. Врховниот суд на РСМ овој Начелен став во целост го заснова на членот 6 и членот 10 од Европската конвенција за човековите права а како средство за аргументација се користи праксата на Европскиот суд за човековите права. Покрај инкорпорирање на ЕКЧП и судската пракса на ЕСЧП, Врховниот суд на РСМ ги следи и препораките за отовореност и транспарентност на Советот на Европа, притоа директно следејќи ги стандардите која ги предвидува Препораката Rec (2003) 13 на Советот на Европа за обезбедување на информации преку медиумите во врска со кривичната постапка.
Со трендот и динамиката која ја наметнува Врховниот суд на РСМ со директна примена на Европската конвенција за човековите права и праксата на Европскиот суд на човековите права всушност Врховниот суд на РСМ ја исполнува својата функција во примена на Принципот на супсидијарност ја отелотворува споделената одговорност на државите и на Судот за остварување на ефективна имплементација на Конвенцијата. Имено, Врховниот суд на РСМ како највисок суд во Северна Македонија е одговорен за гарантирање на правата и слободите загарантирани со Конвенцијата и за обезбедување ефикасни правни лекови за заштита на истите. Па оттука, Врховниот суд навремено, ефикасно и ефективно постапил кога преку Општата седница го покренал прашањето за усогласување на позитивната легислатива во делот на објава на судските одлуки од страна на судовите на нивните веб страници, со што ја разјаснува настанатата состојба и дава јасни насоки по кои пониските судовите треба да постапуваат.